Со огромна радост и задоволство учениците од V-1 го одбележаа последниот ден од Месецот на книгата, но истовремено ја промовираа новата училишна библиотека збогатена со прекрасни литературни и лектирни изданија, енциклопедии и списанија за сите генерации на ученици.
Учениците се претставија со разновидни, креативни истражувачки и творечки активности предводени од нашиот писател Филип Димкоски и нивната наставничка Розита Кареска, во присуство на Директорот на училиштето Кети Стевананџија , Стручната служба и библиотекарот Анеза Дворчанец Биноска.
Comments